а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

небо

мн. неба
Вид збор: Именка, среден род
1. Атмосферскиот и вселенскиот простор што се гледа од Земјата во вид на свод.
Англиски: sky Албански: qiell
Примери:
Ведро небо.
Сино небо.
Ѕвездено небо.
2. Во религиозните претстави - просторот, местото каде што се наоѓаат Бог и божјите суштества.
Англиски: heaven Албански: parajsë
Употреба: Религија
Примери:
Те гледа Господ од небото.
Изрази
Вишно небо - многу високо.
Ни на небо ни на земја - несигурно, неверојатно.
Како да паднал од небо - изненаден, зачуден. Што не знае, не разбира.
Чека да му падне од небо - не работи, не се труди.
Под ведра небо - на отворено, без покрив над главата.
Го крева до небо - премногу го фали.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи