а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

на

Вид збор: Префикс
1. Претставка/префикс во образувањето на глаголи, а поретко на други видови зборови. Почести значења на глаголите со претставката на:
Примери:
изобилно, прекумерно извршување на дејството (накупи, наноси, наготви, се наигра, се нашета)
дејство во мала мера (напукне, нагори, начуе, нагорчува)
целосно извршување на дејството(напои, навезе, набере, нагости)
дејство што се врши врз нешто (наметне, нарами, нагази, налепи)
2. Во именските образувања означува предмет што се наоѓа врз тоа што е именувано со основната именка.
Примери:
нараквица, нарамник, напрсток
3. Прилошките образувања со оваа претставка одат со значење на место, време и начин.
Примери:
место: надвор, наваму, напред, насекаде
време: набргу, наскоро, напладне
начин: насила, навреме, најаве, насоне
FlexiMac
 менување на македонски глаголи