а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

начека

начекаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Дочека нешто на раце, в раце, на нога, на гради и сл.
Англиски: parry Албански: pres
Примери:
Ако не го начекаше на раце, детето ќе се осакатеше.
Ја начека топката на глава и ја упати во голот.
2. Најде, сретне, дочека некого со лоша намера.
Англиски: trap Албански: takoj
Примери:
Сакаше да го начека и ненадејно да го нападне.
Кога и да е, ќе го начекам.
3. Доживее, дочека жив нешто.
Англиски: live to see Албански: përjetoj
Примери:
Ех, што начекавме, човек со човека да не сака да се види.
Вие сте млади, ќе начекате подобар живот.
4. Добро дојде, се најде, помогне (обично за пари).
Англиски: welcome Албански: mirëpres
Примери:
Парите од наградата добро го начекаа.
5. (се начека) При паѓање - се задржи, се помогне.
Англиски: catch Албански: kap
Примери:
Кога паднал, се начекал на раце.
6. (се начека) Помине долго време во чекање.
Англиски: wait Албански: pret
Примери:
Чекајќи го возот, се начекавме.
Додека извадив виза, се начекав со денови.
Изрази
Начека во тесно (некого) - искористи некого кога е во тешка, безизлезна положба.
Изведенки
1. начекува несв.
(се) начекуваат
повт.
2. начекување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи