а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нафати

нафатат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Фати, налови многу, во големо количество (риби, птици, дивеч).
Англиски: catch Албански: kap
2. (се нафати) Фати доволно, се задоволи со фаќање.
Англиски: collect Албански: mbledh
3. (се нафати) Се прикрепи, се налепи, се насобере нешто.
Англиски: gather Албански: mbledh
Примери:
Се нафатила роса на прозорците.
Се нафатил прав по книгите.
На гранките се нафатил сињак.
4. (се нафати) Се обложи, се фати на облог.
Англиски: bet Албански: vë bast
Примери:
Се нафатил со селаните дека за пари ќе ја преплива реката.
5. (се нафати) Прифати нешто, се зафати со некоја работа.
Англиски: accept Албански: pranoj
Примери:
Кога не можеш, што си се нафатила да ги чуваш децата!?
Тој ако се нафати, ќе ја сврши работата.
Изведенки
1. нафаќа несв.
(се) нафаќаат
2. нафаќање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи