а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

натокми

натокмат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Убаво облече, дотера, уреди.
Англиски: dress up Албански: ujdisem
Примери:
Невестата ја натокмија како што е редот.
2. Спреми, подготви, снабди тоа што е потребно.
Англиски: prepare Албански: përgatit
Примери:
Го натокми коњот и тргнаа.
Ја натокми масата за ручек.
Кујната им беше мала, но натокмена со сѐ што треба.
3. израмни, намири
Англиски: settle Албански: shlyej
Примери:
Натокми го да не биде покусо.
Му натокми до денар колку што му зел.
Аврам натокмил сто години кога умрел.
4. Се натокми, се дотера, се уреди.
Англиски: dress up Албански: ujdisem
Примери:
Се натокми како за Велигден.
5. Се натокми, се намири, се раздолжи.
Англиски: settle Албански: shlyej
Примери:
Одвај се натокмивме со сметките.
Изведенки
1. натокмува несв.
(се) натокмуваат
2. натокмување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи