а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

натиска

натискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. пригмечува, нагмечува
Англиски: press Албански: ndrydh, shtrydh
Примери:
Самарот го натискаше и му правеше рана на бедното животно.
2. Притиска, врши притисок.
Англиски: press Албански: shtrydh, shtyp
Примери:
Водата надоаѓаше и сѐ повеќе натискаше.
3. принудува, присилува
Англиски: force Албански: detyroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од сите страни натискаа учителот да се врати на работа.
Изведенки
натискање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи