а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

настрада

настрадаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Насилно изгуби живот.
Англиски: die Албански: pësoj, vdes
Примери:
Во авионската несреќа сите настрадале.
Во поплавата настрадало едно лице.
2. Доживее несреќа, претрпи голема штета.
Англиски: damage Албански: përjetoj fatkeqësi, pësoj dëm
Примери:
Речиси нема семејство што не настрада.
Во земјотресот најмногу настрадаа постарите куќи.
3. (се настрада) Помине низ долго, тешко страдање.
Англиски: suffer Албански: vuaj
Примери:
Се настрадаа по разни затвори и логори.
Изведенки
1. настрадува несв.
настрадуваат
2. настрадување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи