а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

насока

мн. насоки
Вид збор: Именка, женски род
1. Правец на движење или на некое друго дејство.
Англиски: direction Албански: kahje, drejtim
Примери:
Едни возеа во насока на аеродромот, други обратно.
Во далечината на реката се нишаа чунови чијашто насока не можеше да се определи.
2. План, цел, карактер на развојот на некоја дејност.
Англиски: trend Албански: trend
Употреба: Преносно значење
Примери:
Насока на работата.
Насоки на развојот на градинарството.
Насоки и тенденции во современата музика.
Уметнички насоки и стилови.
3. Во школството - програма за образование во определен тип занимање.
Англиски: compartment Албански: drejtim
Употреба: Образование , Преносно значење
Примери:
математичка насока
јазична насока
FlexiMac
 менување на македонски глаголи