а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

насобере

насоберат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Собере во голем број, во големо количество.
Англиски: gather Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Ги насобра децата од населбата.
Насобраа дрва.
2. (се насобере) Се собере во голем број.
Англиски: gather Албански: mbledh, tuboj
Примери:
Се насобра многу народ.
3. (се насобере) Се натрупа, се наталожи.
Англиски: amass Албански: grumbulloj, bëj pirg
Примери:
Се насобра многу работа.
Се насобрал прав на книгите.
Изведенки
1. насоберува несв.
(се) насоберуваат
2. насоберување ср.
глаг. им.
3. насобира несв.
(се) насобираат
4. насобирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи