а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

насече

насечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со сечење добие определено или големо количество нешто.
Англиски: cut Албански: prej
Примери:
Насекол леб за сите.
Насече дрва за цела година.
Насече гранки со купишта.
2. Засече малку, направи засек.
Англиски: cut Албански: prej
Примери:
Го насече дрвцето за калемење.
Го насече лимонот.
3. (се насече) Се наработи, сечејќи.
Англиски: saw Албански: prej mjaft, bollshëm
Примери:
Се насече дрва денеска.
4. (се насече) Се пресече малку.
Англиски: cut Албански: pritem
Примери:
Сечејќи леб, се насеков.
Изведенки
1. насечува несв.
(се) насечуваат
2. насечување ср.
глаг. им.
3. насекува несв.
(се) насекуваат
4. насекување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи