а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напушти

напуштат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пушти многу, во голем број, во големо количество.
Англиски: leave Албански: lë, lëshon
Примери:
Ги напушти децата без карти да го гледаат натпреварот.
Напуштија трупци по реката.
Капините напуштија корење низ цел двор.
2. Испрати повеќемина.
Англиски: send Албански: lëshoj, dërgoj
Примери:
Му напуштил луѓе да го молат да се согласи.
Напушти толку работници на градилиштето, да не знаат што да прават.
3. Остави, се раздели од некого, од нешто.
Англиски: leave Албански: lë, braktis
Примери:
Ги напуштил жената и децата и заминал.
Го напуштиле децата, останал сам.
Ја напуштил работата.
Го напуштил родното место.
4. Занемари, изгуби интерес за нешто.
Англиски: abandon Албански: lëshoj, shpërfill
Примери:
Го напуштил учењето.
Изведенки
1. напушта несв.
напуштаат
2. напуштање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи