а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напрегне

напрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Доведе во состојба на голем физички или умствен напор.
Англиски: strain Албански: tendosje
Примери:
Ги напрегна и последните сили да се извлече.
Залудно го напрегна својот слаб слух, ништо не успеа да чуе.
Со напрегнато внимание го следеше секој збор на предавачот.
2. (се напрегне) Вложи голем физички или умствен напор.
Примери:
Се напрегна сиот и одвај успеа да стане.
Се напрегна да чуе и да види.
Се напрегна да сфати што му зборуваат.
Се напрегна да се сети.
Изведенки
1. напрегнува несв.
(се) напрегнуваат
2. напрегнување ср.
глаг. им.
3. напрега несв.
(се) напрегаат
4. напрегање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи