а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наполни

(се) наполнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Исполни нешто колку што собира, докрај.
Англиски: fill Албански: mbush përplot
Примери:
Го наполни шишето и го затвори.
Ја наполни торбата со јадење.
2. Стави муниција во оружје (пушка, топ).
Англиски: charge Албански: mbush
3. Наврши определен број години, достигне определена возраст (во години).
Англиски: reach Албански: arrij, mbush
Примери:
Годинава ќе наполни 18 години.
4. (се наполни) се исполни, стане полн
Англиски: fill Албански: mbushet
Примери:
Собата се наполни со луѓе.
Селото се наполни со војска.
Чевлите им се наполнија со вода.
Очите му се наполнија со солзи.
Изрази
Наполни глава (некому) - изврши (лошо) влијание.
(ирон.) Наполни (некоја) дупка - погине.
(разг.) Ги наполни гаќите - многу се исплаши.
Очите ми (ти, му) се наполнија - се нагледа убавини.
Срцето (душата) ми (ти, му) се исполни - почувствува, доживеа радост, задоволство.
Изведенки
1. наполнува несв.
(се) наполнуваат
2. наполнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи