а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напика

напикаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Втера, стави со сила, со туркање.
Англиски: stuff Албански: fut
Примери:
Напика сено во вреќата и ја крена на грб.
Го здипли ќебето и го напика во торбата.
2. Зафрли нешто некаде, суреди да не може лесно да се најде.
Англиски: mislay Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Облечи што ќе најдеш, таа блуза којзнае каде е напикана.
3. Стави, намести некого на добро работно место, во функција преку врска, со протежирање.
Англиски: push Албански:
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го напикал синот на работа во управата.
4. (се напика) Се смести (обично за повеќемина) во тесен, неудобен простор.
Англиски: stuff Албански: vendoj
Примери:
Cите се напикаа во една соба.
5. (се напика) Се зафрли, го снема некаде.
Англиски: disappear Албански: zhdukem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кај се напика, сега беше тука.
6. (се напика) Влезе некаде од интерес, се пробие, се вовлече.
Англиски: push Албански: futem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Се напика во партијата да се добере до власт.
Се напикаа преку ред и без карти.
Изведенки
напикува несв.
(се) напикуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи