а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напие

напијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Даде некому да пие.
Англиски: drink Албански: pi
Примери:
Го напи детето вода.
Отиде да го напие добитокот.
2. Опие некого.
Англиски: drink Албански: pi
Примери:
Не го оставаа додека не го напиеја да не може да стане.
3. (се напие) Испие нешто во извесна или во доволна мера.
Англиски: drink Албански: pin
4. (се напие) Се опие.
Англиски: get drunk Албански: dehet
5. (се напие) Прими влага.
Англиски: wet Албански: lagështi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Добро заврнало, земјата се напила, не се влегува в нива.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи