а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напад

мн. напади
Вид збор: Именка, машки род
1. Дејство против некого или нешто заради уништување, нанесување пораз.
Англиски: assault Албански: sulm
Употреба: Воен термин
Примери:
напад врз непријателот
воздушен напад
артилериски напад
ненадеен напад
2. Спротивставување со зборови, изнесување поинакво мислење, неодобрување туѓи мисли, идеи, постапки и сл.
Англиски: attack Албански: sulm
Примери:
вербален напад
критички напад
Остар напад на изнесените ставови во книгата.
3. Ненадејна болка, обземање од некакво чувство.
Англиски: seizure Албански: dhimbje
Употреба: Медицина
Примери:
напад на слепо црево
напад на лудило
напад на беснило
напад на страв од смрт
нервен напад
4. Акција за постигање погодок.
Англиски: attack Албански: sulm
Употреба: Спорт
5. Играчи што имаат задача да напаѓаат и да постигнат погодок (во фудбалот или друг спорт).
Англиски: offence Албански: shkelje
Употреба: Спорт
FlexiMac
 менување на македонски глаголи