а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наоѓа

наоѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Барајќи наоѓа.
Англиски: find Албански: gjej
Примери:
Што си бара, тоа си го наоѓа.
2. смета, мисли
Англиски: think Албански: mendoj
Примери:
Наоѓам дека е подобро да не го потпишеш договорот.
3. (се наоѓа) се открива, се наидува
Англиски: discover Албански: zbulohet
Примери:
Овде понекогаш се наоѓаат стари артефакти.
4. (се наоѓа) Престојува, е некаде.
Англиски: locate Албански: gjendet
Примери:
Овде се наоѓам на одмор.
Сега се наоѓаат во странство.
5. (се наоѓа) Има, зазема определен простор.
Англиски: locate Албански: gjendet
Примери:
Селото се наоѓа во подножјето на планината.
Изрази
Кај се наоѓаш! - негодување за нечие лошо однесување.
Изведенки
наоѓање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи