а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нанесе

нанесат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За вода, ветар - надонесе со себе, остави по себе нешто, направи нанос, намет.
Англиски: carry Албански: sjell
Примери:
Реката нанесе многу песок по ливадите.
2. Дојде, го наведе патот неочекувано, непланирано.
Англиски: bring Албански: sjell, shpie
Употреба: Преносно значење
Примери:
Никогаш овде патот не ме нанесол.
Од кај го нанесе среќата токму кога треба?
3. Стави, намачка нешто.
Англиски: apply Албански:
Примери:
На лицето нанесе многу пудра.
Нанесе тенок слој боја.
4. Предизвика некому нешто непријатно, лошо.
Англиски: cause Албански: shkaktoj
Примери:
Нанесе голема штета.
Нанесе удар.
Нанесе пораз.
Нанесе срам.
Нанесе повреда.
5. Снесе (јајца) во поголемо количество.
Англиски: hatch Албански: çel
Изведенки
1. нанесува несв.
нанесуваат
2. нанесување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи