а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

намисли

намислат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Смисли нешто, дојде на идеја.
Албански: mendoj diëka, shpik
Примери:
Тој што ќе намисли, тоа и го прави.
Намислил да го менува занимањето.
2. Помисли, се присети на нешто.
Англиски: remember Албански: kujtohem
Примери:
И сега кога ќе намислам на таа случка ми паѓа жал.
Кога ќе те намислев, посакував веднаш да се вратам.
Изведенки
1. намислува несв.
намислуваат
2. намислување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи