а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

намириса

намирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави, прсне мирис на некого, на нешто.
Англиски: perfume Албански: parfum
Примери:
По потстригувањето, берберот и ќе го намирисаше малку.
Ја намириса гостинската соба.
2. Осети мирис.
Англиски: smell Албански: erë
Примери:
Ја намириса рибата уште од дворот.
Кога влезе, ги намириса зрелите кајсии.
3. Намине, посети некого, нешто.
Англиски: visit Албански: vizitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од Велигден не си намирисал кај нас, нѐ заборави.
Овдека којзнае од кога немам намирисано.
4. Насети, открие нешто.
Англиски: sense Албански: zbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чувајте се да не ве намириса некој.
Бегај, ако намирисаш нешто сомнително!
5. (се намириса) Си стави мирис.
Англиски: perfume Албански: parfumoj
Примери:
Кога се дотера и се намириса, се почувствува попријатно.
Изведенки
намирисување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи