а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наметне

наметнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави, префрли нешто преку телото без да се облекува.
Англиски: put on Албански: mbuloj
Примери:
Го наметна палтото и излезе.
Наметна убав, шарен шал.
2. Наложи, спроведе нешто по своја волја.
Англиски: impose Албански: imponoj
Примери:
Упорно настојуваше да го наметне своето мислење.
Наметнуваше некои свои проблеми за расправање.
Секогаш успеваше да го наметне својот план за работа.
3. Префрли конец, волница, јаже преку нешто оформувајќи гужва, котелец, наметка.
Англиски: fling Албански: hedh
Примери:
Наметна на иглата и следните два котелца ги сплете заедно.
4. (се наметне) Си префрли нешто на себе.
Англиски: put on Албански: hedh
Примери:
Наметни се со нешто ако излегуваш.
Се наметна со мантилот.
5. (се наметне) Се наложи, се постави над другите.
Англиски: impose Албански: imponoj
Примери:
Се наметна со својот директорски авторитет.
Изведенки
1. наметнува несв.
(се) наметнуваат
2. наметнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи