а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

намести

наместат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави нешто на соодветно место или во определена положба.
Англиски: adjust Албански: rregulloj
Примери:
Ја намести рачката на секирата.
Ги намести рацете за молитва.
Намести го саатот да ѕвони.
2. Уреди, среди, постави според потребата.
Англиски: prepare Албански: përgatit
Примери:
Ги отвори прозорците и ги намести креветите.
Ја намести собата како за гости.
Намести ја масата за ручек.
3. Снабди со мебел.
Англиски: furnish Албански: pajis
Примери:
Добро го наместиле станот.
Кујната ја наместиле со сѐ што треба.
4. Направи сплетка, подлост некому.
Англиски: set up Албански: koklavitje
Употреба: Разговорно
Примери:
Ако не си ги отвориш очите, убаво ќе те наместат.
Него го наместиле, а тие се истргале.
Го наместиле дека тој ја запалил куќата.
5. Вработи некого.
Англиски: employ Албански: punësoj
Примери:
Го наместил синот за директор на фирмата.
6. (се намести) Седне, заземе место.
Англиски: settle Албански: zë vend
Примери:
Испоседнаа, се наместија кој кај стигна.
Се намести на каучот и заспа.
7. (се намести) Се вработи, заземе функција и сл.
Англиски: deploy Албански: punësoj
Примери:
Се наместил за раководител на друштвото.
Ги оставија селата, сите се наместија по градовите на разни места.
Изведенки
1. наместува несв.
(се) наместуваат
2. наместување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи