а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

намами

намамат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со мамење (обично со лоша намера) привлече некого да дојде.
Англиски: lure Албански: mashtroj, tërheq
Примери:
Едниот се предал, а другиот го намамиле и го фатиле.
Го намамија божем, на по една пијачка за да им каже се што чул.
2. Се најде привлечен од нешто.
Англиски: attract Албански: tërheq, josh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го намами музиката и влезе во кафеаната.
Ги намами смеата и вревата на улица, па излегоа надвор.
Водата беше топла и не намами на капење.
Писокот на гајдата ги намами сите на сретсело.
Изведенки
1. намамува несв.
намамуваат
2. намамување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи