а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наложи

наложат; наложил; наложен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3678
1. Стави облога на болно место од телото.
Англиски: wrap Албански: mbështjell
Примери:
Му ги наложија модрините со толчени коприви и сол.
2. Нареди, даде налог за вршење некоја работа.
Англиски: order Албански: urdhëroj
Примери:
Им наложија да работат прекувремено за да се заврши работата во предвидениот рок.
3. Наметне нешто, принуди некого на нешто.
Англиски: order Албански: urdhëroj
Примери:
Го наложија својот јазик во нашите училишта.
Му наложија да молчи и само да ги извршува директивите.
4. (се наложи) Се наметне, се постави над другите.
Англиски: impose Албански: imponoj
Примери:
Успеваше да се наложи со своите ставови.
Изведенки
1. налага несв.
(се) налагаат
2. налагање ср.
глаг. им.
3. наложува несв.
(се) наложуваат
4. наложување ср.
глаг. им.