а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

налепи

налепат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Залепи во голем број, многу.
Англиски: paste Албански: ngjis
Примери:
Низ целиот град налепија плакати.
2. Добие нешто лошо, се најде во лоша положба.
Англиски: stick Албански: ngjis vehtes
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Со оваа работа си налепив голема беља.
Чувај се, да не налепиш некоја болест.
Да не си налепи човек од лоши комшии.
3. (се налепи) Се залепи во голем број, многу.
Англиски: stick Албански: ngjis shumë
Примери:
На ѕидот се налепиле мушички.
Изведенки
налепува несв.
(се) налепуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи