а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

накупчи

накупчат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Собере во куп, во купче, направи куп, купче од нешто.
Англиски: pile up Албански: bëj grumbull
Примери:
Ги накупчи расфрлените камења крај оградата.
2. (се накупчи) За луѓе - се собере заедно, во куп.
Англиски: pile Албански: grumbulloj, mbledh
Примери:
Отиде да го побара детето во училиштето каде што се беа накупчиле селаните.
Изведенки
1. накупчува несв.
(се) накупчуваат
2. накупчување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи