а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

накриви

накриват
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави, постави нешто накриво.
Англиски: tilt Албански: shtrembëroj
Примери:
Ја накриви капата, правејќи се важен.
Накривил калпак над веѓи.
2. Искриви, навали на некоја страна.
Англиски: bend Албански: lakoj, kthej
Примери:
Тој само ги накриви усните и ништо не рече.
Ја накриви главата да чуе.
3. (се накриви) Се искриви, се навали.
Англиски: incline Албански: pjerrem, lakohem
Примери:
Старата ограда се накривила, готова да падне.
Бродот опасно се накриви.
Изведенки
1. накривува несв.
(се) накривуваат
2. накривување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи