а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

накрене

накренат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Крене донекаде, подигне малку.
Англиски: lift Албански: ngre, çoj
Примери:
Ја накрена двоцевката и со силен грмеж го процепи воздухот.
Ја накрена стомната и се напи.
Го накрена пагурчето уште еднаш.
2. Крене, наземе многу нешта.
Англиски: carry Албански: ngre
Примери:
Накренал и што треба и што не треба.
Накренал сѐ што можел да носи.
3. (се накрене) Се поврати, се соземе по болест или друга слабост, неуспех и сл.
Англиски: recover Албански: rimarr, marr
Примери:
По една недела од операцијата се накрена.
Војната нѐ осиромаши, одвај се накренавме малку.
4. (се накрене) Се крене, се дигне во голем број (луѓе и др.)
Англиски: raise Албански: ngritem
Примери:
Сите се накренаа против него.
Се накрена народ од секаде.
Изведенки
накрева несв.
(се) накреваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи