а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

накачи

накачат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Закачи, забоде шилести нешта во поголем број.
Албански: var
Примери:
Покрај патчето накачиле колци за ограда.
2. Закачи, набеси повеќе нешта.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Накачил низи пиперки да се сушат.
3. (се накачи) Се закачи во поголем број.
Албански: rritje
Примери:
Ми се накачија трње на панталоните.
4. Зголеми, покачи цена.
Англиски: raise Албански: rritje
Примери:
Секој месец ги накачуваат цените.
5. Качи повеќемина на нешто (на кола, автомобил, автобус, чамец).
Албански: hip
Примери:
Ги накачи сите деца на колата.
6. Се искачи донекаде на височина.
Англиски: climb Албански: hip
Примери:
(нар. поез.) Накачи горе кај чукарите.
Сонцето високо накачило.
Накачиле над селото.
Изведенки
1. накачува несв.
(се) накачуваат
2. накачување ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи