а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

накапе

накапат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со капки изводени, извалка, оштети нешто.
Англиски: stain Албански: pikoj
Примери:
Ја накапал кошулата.
Го накапал чаршафот.
Го накапале килимот со восок.
2. Стави капки, нацеди капка по капка.
Англиски: drip Албански: pikoj
Примери:
Си накапал капки во очите.
3. За лисје - напаѓаат.
Англиски: drop Албански: bie
Употреба: Преносно значење
Примери:
Накапаа жолти лисје.
4. Ненадејно, неочекувано доживее некоја непријатност, нешто лошо; си налепи нешто.
Англиски: get into mess Албански: befas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гледај да не накапеш некоја беља.
5. (се накапе) Се искапе со капки.
Англиски: stain Албански: njollos
Примери:
Полека, да не се накапеш.
6. Помине доволно време во капење, бањање, се задоволи со капење, бањање.
Англиски: bathe Албански: lahem
Примери:
Не излегува со часови од вода, не може да се накапе.
Изведенки
1. накапува несв.
(се) накапуваат
2. накапување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи