а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

накаже

накажат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Изрече или изврши казна, казни некого.
Англиски: punish Албански: dënoj
Примери:
Комитите ги накажале со робија.
Го фатиле крадецот и сами го накажале.
Господ го накажал, зашто многу грешел.
2. Каже многу нешта, изнакаже, назборува.
Англиски: talk Албански: flas
Примери:
Што не ми накажа, ми се смачи да го слушам.
3. Поткаже, предаде, се пожали на некого.
Англиски: report Албански: tregoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Не задевај се, ќе те накажам на учителот.
Изведенки
1. накажува несв.
накажуваат повт.
2. накажување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи