а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

над

Вид збор: Префикс
1. (нат- пред безвучна согласка). Глаголите со оваа претставка најчесто значат - дејство што надминува, надвишува исто такво друго дејство во однос на брзина, времетраење, квалитет, степен и сл.
Англиски: over
Примери:
надвика, надгласа, надживее
наттрча, натпее, натпие, натфрли
2. (нат- пред безвучна согласка). Глаголите со оваа претставка најчесто значат - извршување на дејство над нешто, одозгора.
Англиски: over
Примери:
надвисне, надлета, наднесе, наткрили
3. (нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - објект што е продолжение или се наоѓа врз тоа што е именувано со основниот збор.
Англиски: over
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
надградба, надвозник
4. (нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - лице или институција од повисок ранг во однос на означеното во основата.
Англиски: over
Употреба: Административен термин
Примери:
надвојвода, надбискуп, надбискупија
5. (нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - определба дека нешто се наоѓа повисоко, погоре од нешто.
Англиски: over
Примери:
надбубрежен, надморски
надземен, надгробен
6. (нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - признак во определена мера.
Англиски: over
Примери:
натпросечен, натчовечки
7. (нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - дека нешто не зависи, не е обусловено од означеното во основата.
Англиски: over
Примери:
наднационален, натпартиски
FlexiMac
 менување на македонски глаголи