а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надуе

надујат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со дуење исполни нешто со воздух.
Англиски: inflate Албански: fryj
Примери:
Надуе балон.
Надуе гајда.
Надуе автомобилска гума.
2. Зголеми обем, напие, исполни.
Англиски: puff up Албански: duhmë
Примери:
Ги наду образите.
Го надул мевот.
3. (се надуе) се зголеми, се преполни
Англиски: blow up Албански: zmadhoj
Примери:
Мевот му се надул.
Жилите му се надуја.
Се наду со сокови.
4. (се надуе) Се вообрази, стане премногу горд.
Англиски: swell Албански: mburrem
Употреба: Преносно значење
5. (се надуе) се намурти, се налути
Англиски: annoy Албански: hidhërua
Употреба: Преносно значење
Изрази
Ја наду гајдата - почна да плаче (обично за дете).
Изведенки
1. надува несв.
(се) надуваат
2. надување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи