а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наднесе

наднесат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Крене, издигне над нешто.
Англиски: lift Албански: ngritem
Примери:
Ја наднесе раката над очите и внимателно се загледа.
Го наднесе клупското знаме над толпата навивачи.
2. (се наднесе) Се наведне над некого, над нешто.
Англиски: lean Албански: mbështes, hip
Примери:
Се наднесе над него да го чуе неговиот шепот.
Излезе на балкон и се наднесе над оградата.
3. (се наднесе) Се издигне на некоја височина над нешто.
Англиски: hang Албански: varem
Примери:
Облакот се наднесе над селото, плисна силен дожд.
Над реката се наднесе густа магла.
Изведенки
1. наднесува несв.
(се) наднесуваат
2. наднесување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи