а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надградба

мн. надградби
Вид збор: Именка, женски род
1. Тоа што е надградено на веќе изграден објект.
Албански: mbindërtim
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Дозвола за надградба.
2. Тоа што се додава кон нешто што се има, што постои.
Албански: mbindërtim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Постојана надградба на знаењата на учениците.
3. Дел од општествената структура што ги опфаќа дејностите и формите на организирање, негување и развивање на културните и на цивилизациските потреби на општеството.
Англиски: superstructure Албански: superstrukturë
Употреба: Филозофија
FlexiMac
 менување на македонски глаголи