а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надвиши

надвишат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Надмине некого или нешто во висина.
Англиски: grow higher Албански: tejkaloj në lartësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Најмладиот сите ги надвиши по раст.
Перуниките ја надвишија камената меѓа.
Чадот се крена и ги надвиши буките.
2. Надмине во нешто, во некое обележје.
Англиски: exceed Албански: tejkaloj
Примери:
Неговиот глас го надвиши тропањето на тркалата.
Никој не можеше да го навиши во сметањето.
Изведенки
1. надвишува несв.
надвишуваат
2. надвишување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи