а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надвисне

(се) надвиснат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Виси над нешто, се најде над нешто.
Англиски: hang Албански: ngritet
Примери:
Над речниот брег (се) надвиснале стари врби.
Капините (се) надвиснале над патот.
Сиви облаци (се) надвиснаа над градот.
Месечината (се) надвисна над езерото.
2. Се наведне над некого, над нешто.
Англиски: lean Албански: përkulet
Примери:
Мајката (се) надвисна над расплаканото девојче.
(Се) надвисна над прозорецот.
Двајцата (се) надвиснаа преку кајчето.
3. Се наоѓа, е изграден сосема близу нешто, над нешто.
Англиски: hang Албански: varet
Примери:
Карпите (се) надвиснале над патот.
Новата зграда што (се) надвисна над реката ни го затвори погледот.
4. Се закани, навести нешто непријатно, лошо.
Англиски: hang Албански: kanoset
Употреба: Преносно значење
Примери:
Над нив (се) надвисна опасност од болест.
Над работниците (се) надвисна страв дека ќе бидат отпуштени од работа.
Изведенки
1. надвиснува несв.
(се) надвиснуваат
2. надвиснување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи