а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нададе

нададат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Додаде, придаде, продолжи нешто.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Го нададе малку фустанот.
Го нададе јажето за да стигне.
2. Издаде нанапред дел од телото или од некоја целост.
Англиски: lean out Албански: lëshoj
Примери:
Ја нададе главата од прозорецот.
Се покажа на врата со мевот нададен и со цигара в уста.
Под нададените стреи висеа низи пиперки.
3. Даде многу нешта.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Бабата им нададе од сѐ што се родило во овоштарникот.
Многу благослови нададе додека се разделувавме со синот.
4. (се нададе) Даде многу.
Англиски: overspend Албански: shpenzoj shumë
Примери:
Се нададе многу пари за лекување.
5. (се нададе) Се навика некому.
Англиски: shout Албански: bërtas
Примери:
Му се нададе сѐ што ѝ дојде до уста.
Изрази
Нададе вик - почне да вика.
Нададе уши - внимателно се вслуша.
Изведенки
1. надава несв.
(се) надаваат
2. надавање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи