а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нагрди

нагрдат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да стане грдо.
Англиски: disfigure Албански: shëmtoj
Примери:
Убавото лице болката и го нагрди.
Некои нови градби го нагрдија градот.
2. расипе, уништи
Англиски: destroy Албански: prish, shkatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Разни загадувачи ја нагрдија животната средина.
Правдата е нагрдена со поткуп и нечесност.
3. (се нагрди) Се направи грд на некој начин.
Албански: shëmtohem
Примери:
Со облеката многу се нагрдил.
Се нагрдила со необичната фризура.
Изведенки
1. нагрдува несв.
(се) нагрдуваат
2. нагрдување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи