а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нагрби

нагрбат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Крене на грб.
Англиски: saddle Албански: ngarkoj, mbaj në shpinë
Примери:
Го нагрби пакетот книги.
2. Даде некому задача, работа (обично покрупна, потешка).
Англиски: burden Албански: ngarkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го нагрбија со многу работа.
3. (се нагрби) Подметне грб, се поднаведне за да стави товар.
Англиски: bend Албански: kërrusem, përkulem
4. (се нагрби) Прими на себе, се задолжи со некоја (обично потешка) задача, работа.
Англиски: burden Албански: ngarkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Самиот се нагрбив со задолженија.
Изведенки
1. нагрбува несв.
(се) нагрбуваат
2. нагрбување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи