а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нагоди

нагодат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Намести на соодветно место.
Англиски: adjust Албански: ndreqem, adaptohem
Примери:
Не можам да го нагодам овој дел.
Го нагоди нишанот на пушката за поголема далечина.
Стана, cи ја нагоди облеката и излезе.
2. Направи според желбата, според барањето на друг.
Англиски: satisfy Албански: kënaq, plotësoj
Примери:
Тешко нему можеш да му нагодиш.
3. (се нагоди) Се договори, се усогласи со некого.
Англиски: agree Албански: pajtoj
Примери:
По толку пазарење, одвај се нагодија за цената.
Изведенки
1. нагодува несв.
(се) нагодуваат
нагаѓа
Пример: Таа почна да нагодува кој можел да биде докторот и која балерината.
2. нагодување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи