а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наговори

наговорат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со зборови, со говорење поттикне некого на некаква постапка, да направи нешто.
Англиски: persuade Албански: mbush mendjen
Примери:
Го наговори брата си да ја продадат куќата.
2. Изнакаже, назборува многу, сешто.
Англиски: talk Албански: flet
Примери:
Му наговори сѐ што чул тие денови.
3. Каже нешто во мала мера, поткаже за некоја работа.
Англиски: mention Албански: përmend
Примери:
Тој наговори нешто за продажбата на куќата, ама ништо конкретно не рече.
4. (се наговори) Се скара малку, се потскара, cи рече непријатни зборови со некого.
Англиски: argue Албански: argumentoj
Примери:
Се наговорил со соседот, па поретко се гледаат.
5. (се наговори) Се изнакаже, се назборува.
Англиски: talk Албански: shpreh
Изведенки
1. наговара несв.
(се) наговараат
2. наговарање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи