а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нагло

Вид збор: Прилог
1. многу брзо
Англиски: fast
Примери:
Игралиштето нагло се претвори во пазариште.
Бојата на кожата нагло му се менуваше.
Расположението нагло растеше.
Почна нагло да се раззеленува.
2. наеднаш, во еден момент
Англиски: suddenly
Примери:
Нагло стана.
Нагло се отворија двете поли на портата.
Зачекори и нагло застана.
Автобусот нагло тргна и сите испопаѓаа.
Нагло се сврте.
Изведенки
наглост ж.
наглоста
FlexiMac
 менување на македонски глаголи