а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наврти

навртат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Впери оружје.
Англиски: aim Албански: shënoj, drejtoj
Примери:
Му ја наврти пушката.
Топовските цевки ги навртија кон горните куќи на селото.
2. Сврти, насочи кон нешто.
Англиски: turn Албански: drejtoj, kthej
Примери:
Го наврти увото да чуе.
Го наврти грбот кон печката.
Ги навртија говедата на поило.
Ја наврти рекичката кон својата нива.
Го навртија зборот на политика.
3. (се наврти) Се сврти на некоја страна.
Англиски: turn Албански: drejtohem, kthehem
4. (се наврти) Се нафрли на нешто, нападне.
Англиски: turn Албански: turrem, hudhem
Примери:
Му се навртија на зелникот.
Волците му се навртија на пленот.
Им се навртија со лоши зборови.
Им се навртија на липите да ги исечат.
Изрази
Наврти вода на своја воденица - уреди во своја полза.
Господ (среќата) ќе наврти - ќе даде, ќе помогне.
Изведенки
1. навртува несв.
(се) навртуваат
2. навртување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи