а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наврзе

наврзат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Врзе едно на друго.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Наврзи го каде што се скина.
2. Врзе многу нешта.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Наврзаа јажиња за спростирање алишта.
3. Изнакаже, назборува многу.
Англиски: add Албански: tregoj, rrëfej, flas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што не му наврза за неа.
Наврза сѐ што ѝ падна на памет.
4. претскаже, зарече
Англиски: predict Албански: paratregoj, parashikoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Некоја сосетка ѝ наврзала да не раѓа.
Така му наврзале наврзниците.
Изведенки
1. наврзува несв.
наврзуваат
2. наврзување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи