а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

навре

наврат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Вовлече, втера во нешто тесно.
Англиски: stick Албански: fus, shtin, rras
Примери:
Прстенот што го навре, не можеше да го извади.
Одвај ги навре прстите во ракавиците.
2. Облече, обуе набрзина, како било.
Англиски: dress Албански: vesh
Примери:
Ја навре кошулата и ја напика во панталоните.
Ги навре чевлите набосо и истрча надвор.
3. надене, набоде
Албански: shtin, fus
Примери:
Го навре снопот на набодна.
4. (само 3. л.) надојде, исполни, обземе
Англиски: pour Албански: fus, rras
Примери:
Солзи му навреа на очите.
Силна тага му навре во душата.
Не можев да најдам одговор на прашањата што ми навираа.
Тешки спомени навираа во душата на стариот мајстор.
Изведенки
1. наврува несв.
навруваат
2. наврување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи