а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

навее

навеат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со веење, дување на ветрот, надонесе, нафрли нешто (снег, песок).
Англиски: blow Албански: grrumbullon
Примери:
Ветрот навеал снег пред врата, не се излегува.
2. Донесе, неочекувано дојде.
Англиски: blow Албански: bie, sjell papritmas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ова момче среќата ми го навеа.
Господ нека ти навее.
Кој ветар ми навеа вакви гости.
3. Предизвика, поттикне нешто (некакво расположение, мисли).
Англиски: bring Албански: shkaktoj, sjell
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа средба му навеа убави спомени.
Дождот му навеа тажни мисли.
Смеата на децата и навеа радост и грижа.
Изведенки
1. навева несв.
навеваат
2. навевање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи