а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наведне

наведнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Свие надолу.
Англиски: bow Албански: përkul, kërrus
Примери:
Ја наведна целата снага да му се поклони.
Борот го наведнал врвот под снегот.
2. Спушти надолу, сведне (глава, очи)
Англиски: lower Албански: përkul
Примери:
Ја наведна главата за да ги скрие солзите.
Со наведнат поглед замоли.
Наведна насолзени очи.
3. (се наведне) Се свие надолу.
Англиски: bend Албански: kërrusem
Примери:
Се наведна над чешмата да се напие.
Се наведна да си ги врзе чевлите.
Гранките на врбата се наведнале доземи.
Изведенки
1. наведнува несв.
(се) наведнуваат
2. наведнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи