а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

набере

наберат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Скине, собере извесно количество овошје, плодови, цвеќиња и др.
Англиски: gather Албански: shkëput
Примери:
Набрав јаболка.
Набраа по еден товар дрва.
2. Направи набори, фалти, добие брчки.
Англиски: fold Албански: rudh
Примери:
Го набра здолништето.
Кошула со набрани ракави.
Го набра челото.
Ги набра веѓите.
3. Во печатница - сложи букви.
Англиски: set Албански: vendos
Употреба: Архаизам
Примери:
Брзо ја набраа книгата.
4. (се набере) се собере, се збрчка
Англиски: pull together Албански: bashkon
Примери:
Челото му се набра.
Над очите му се набрале бели веѓи.
5. (се набере) се насобере
Англиски: gather Албански: mbledh
Примери:
Се набрал многу народ да гледа сеир.
Изведенки
1. наберува несв.
наберуваат
бере
2. набара несв.
(се) набираат
3. набирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи