а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мушама

мн. мушами
Вид збор: Именка, женски род
1. Восочно или гумирано платно (непропустливо).
Англиски: canvas Турски: muşamba Албански: mushamë
Примери:
Ја завитка тетратката во мушама.
Парите ги чуваше во парче мушама.
2. Прекривка за маса од вакво платно.
Англиски: tablecloth Албански: mushamë, mbulesë tavoline
Примери:
Кујнската маса е покриена со мушама.
3. Непропустлива наметка од вакво платно.
Англиски: canvas Албански: mushamë, kanavacë
Примери:
Беше мокар зашто неговата мушама е стара и искината.
Дождот е силен и алиштата ги мокри под мушамите.
Земи ја мушамата моја и претрчај.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи